Почетна / Градина / Хортикултура / Балконот е место за цветна градина – Каков дизајн е потребно да му дадете на ова катче?!

Балконот е место за цветна градина – Каков дизајн е потребно да му дадете на ова катче?!

За многу љубители на цвеќиња и градини, балконот е единствениот зелен простор. Стандардниот балкон е околу 4 квадратни метри – територија која го ограничува изборот при садењето на декоративни растенија. Балконот е место за цветна градина, таму не треба да има никакви непотребни маси, велосипеди, тегли, авто делови и канти за ѓубре. Оптималниот пристап за разубавување на балконот е да се стават два стола и една маса, неколку големи цвеќиња во саксии и две или три сандачиња со обилно цветни сезонски цвеќиња. Балконот може да се осветли со мека светлина, да се постави кафез со егзотични птици итн. Создавањето на интимниот простор за одмор е главната идеја при уредување на балконот.

Вегетација: речиси сите затворени растенија се погодни за одгледување на балконот, ако балконот е застаклен, одгледувањето може да биде во текот на целата година, а ако е отворен – само во топлата сезона. Организирањето на балконот со цвеќиња започнува со поставување на неколку големи растенија во големи саксии и околу нив – неколку саксиски цвеќиња.

Користењето на каскадни цвеќиња ја прави фасадата убава, но самите домаќини однатре не гледаат скоро ништо од цвеќињата. Потребни се во тој случај засадени цвеќиња со исправени стебла, на кои ќе уживаат непречено.

Балконски мебел: За многу љубители на цвеќињата и градините балконот е единствениот зелен простор. Стандардниот балкон е околу 4 квадратни метри – територија која го ограничува изборот при садењето на декоративни растенија. Балконот е совршено место за цветна градина, таму не треба да има никакви непотребни маси, велосипеди, тегли, авто делови и канти за ѓубре. Оптималниот пристап за разубавување на балконот е да се стават два стола и една маса, неколку големи цвеќиња во саксии и две или три сандачиња со обилно цветни сезонски цвеќиња. Балконот може да се осветли со мека светлина, да се постави кафез со егзотични птици и тн. Создавањето на интимниот простор за одмор е главната идеја при уредување на балконот.

Декорација на балконот: украсувањето на балконот е силен уметнички дел кој го обликува стилот и целокупната идеја. Како декорација може да се стави мал лампион, куќичка за птици, бамбус стапчиња или неколку стари глинени стомни. Во никој случај не ставајте венци, светлечки сијалички и безброј ситни орнаменти. Од тоа балконот уште повеќе ќе изгледа со сомнителен декоративен ефект.

Види

И вие можете сами: Декорација со дрвени трупци (Фото)

Декорација со дрвени трупци