Почетна / Градина / Храна / Бадемите го намалуваат стресот

Бадемите го намалуваат стресот

Според истражувачите, исхраната која е богата со бадеми може да го намали стресот и лошиот холестерол. Редовното конзумирање на бадеми, во просек 100 грама, може да влијае на крвниот притисок кој реагира на стресот.

Луѓето кои се изложени на повисоко ниво на стрес, се со зголемен ризик од срцеви заболувања. Целта на истражувањето била да се открие дали омега 3 масните киселини го намалуваат кардиоваскуларниот одговор на стесот.

Во истражувањето учествувале 22 здрави доброволци со покачено ниво на LDL или лош холестерол. На крајот од тестот било заклучено дека реакцијата на крвниот притисок била многу подобра кај оние кои имале вклучено бадеми во исхраната.

Ова е прва студија каде се покажува ефектот на бадемите врз намалувањето на крвниот притисок за време на стресни ситуации. Бадемите со познати по тоа што содржат голема количина на целулозни влакна, антиоксиданси и незаситени масни киселини, првенствено омега 3 масни киселини, за кои истражувачите сметаат дека имаат корисен ефект врз крвните садови.

Уште една позитивна работа е тоа дека една порција бадеми (100г) нема да влијае на телесната тежина, се додека се придржувате до одредената количина.

Види

Помело (Citrus maxima) – Гигантското цитронско овошје

Помело е вид на агрум (цитронско овошје), кое потекнува од јужна и југоисточна азија. Претставува …