22.05.2024
Почетна / Градина / Бадемите го намалуваат стресот и лошиот холестерол

Бадемите го намалуваат стресот и лошиот холестерол

Според истражувачите, исхраната која е богата со бадеми може да го намали стресот и лошиот холестерол. Редовното конзумирање на бадеми, во просек 100 грама, може да влијае на крвниот притисок кој реагира на стресот.

Луѓето кои се изложени на повисоко ниво на стрес, се со зголемен ризик од срцеви заболувања. Целта на истражувањето била да се открие дали омега 3 масните киселини го намалуваат кардиоваскуларниот одговор на стесот.

Во истражувањето учествувале 22 здрави доброволци со покачено ниво на LDL или лош холестерол. На крајот од тестот било заклучено дека реакцијата на крвниот притисок била многу подобра кај оние кои имале вклучено бадеми во исхраната.

Ова е прва студија каде се покажува ефектот на бадемите врз намалувањето на крвниот притисок за време на стресни ситуации. Бадемите со познати по тоа што содржат голема количина на целулозни влакна, антиоксиданси и незаситени масни киселини, првенствено омега 3 масни киселини, за кои истражувачите сметаат дека имаат корисен ефект врз крвните садови.

Уште една позитивна работа е тоа дека една порција бадеми (100г) нема да влијае на телесната тежина, се додека се придржувате до одредената количина.

Види

Билката која лекува 500 болести

Куркумата или позната уште како Турмерик, е еден од најмоќните природни лекови. Активната лековита состојка …