Почетна / Градина / Вести / Азотот, калиумот и фосфорот – база за правилен развој

Азотот, калиумот и фосфорот – база за правилен развој

Nitrogen (N)- Азот.

Мобилен и макроелемент. Има главна улога во развојот на растението. Со помош на азотот (N) растението создава хлорофил и врши фотосинтеза, создава аминокиселини кои се користат за производство на протеините на растението.

При недостиг на азот растението има послаб раст, листовите стануваат тесни, хлоротични, бледозелени. При поизразен недостиг на азот може да дојде до потполна хлороза и сушење на растението.

Најчесто се забележува прво на најстарите листови, за потоа да напредува кон врвот на растението. Недостигот на азот понекогаш може да се помеша со недостигот на магнезиум затоа што се слични.

Недостигот на азот ќе се појави на врвот на листот и ќе напредува наназад кон задниот дел на листот, додека недостигот на магнезиум се појавува на целиот лист (листот пожолтува), а вените остануваат здрави. Значи, ако растението расте побавно и долните листови жолтеат, тогаш е во прашање недостиг на азот.

Премногу вода и премалку органски соединенија може да предизвикаат недостиг на азот. Растението не може да го апсорбира азотот ако е pH 4.0 – 5.5. Може да се апсорбира со pH 6.0 – 8.0 , но pH 6.8 е совршена за N. Вишокот на азот може да има токсичен ефект на развојот на растението, а големо присуство на нитрати влијае штетно и на здравјето на луѓето што го консумираат растението. При вишок на азот се зголемува вегетативниот, а се намалува генеративниот раст на растението. Вишокот на азот предизвикува недостиг на бакар и цинк.

Phosphorus (P) – фосфор.

Мобилен и макроелемент. Фосфорот е многу важен за развојот на коренот и на ластарите. Игра главна улога во цветањето и е класифициран како макроелемент. Недостигот на фосфор ја намалува големината на растението. Ако недостига во помали количества може да се забави растот, а недостигот на поголеми количества може да предизвика сушење на листовите кои на крајот паѓаат. Недостигот на фосфорот прво се забележува на постарите листови. Тие стануваат понежни, зелената боја преминува во црвенкаста, зависно од видот на растението. Вишокот фосфор предизвикува недостиг на бакар, цинк, железо и калиум. Растенијата не можат да апсорбираат фосфор на 4.0 – 5.5 pH вредност. Најдобра апсорпција на фосфор има во рамките на 6.0 – 7.5 pH. Вредноста над таа граница предизвикува недостиг на фосфор.

Potassium (К) – калиум

Мобилен и макроелемент. Калиумот има многу важна улога во развојот на растението. Доволни количества на калиум му помагаат на растението да има добро и стабилно стебло, да биде отпорно на болести, да прима вода, да помага при фотосинтезата. Калиумот може да се најде во целото растение и е неопходен во сите активности на растението поврзани со водата. Тој е неопходен во целиот животен век на растението, а најмногу во развојот на цветовите.

Недостиг –  Премалку калиум во растенијата доведува до ретардиран раст на листовите, појава на жолти дамки по рабовите на листовите и нивно свиткување. Растението ќе почне да расте во висина и гранките и стеблото ќе станат лесно кршливи. Старите листови може да покажат црвенкаста боја и да се свијат нагоре. Големите листови обично добиваат некроза меѓу вените, се сушат, стануваат костенливи и на крајот отпаѓаат. Постарите листови добиваат повеќе жолтеникава боја и исто така се свиваат и паѓаат. Ако растението е во вегетација, растот ќе биде многу забавен. Во цветањето се забавува растот на ластарите. Најнапред ќе се појават темни дамки по листовите што често е предизвикано од малата влажност на воздухот. Понекогаш недостигот на калиум може да биде предизвикан од премногу калциум или од ниски температури. Премногу калиум може да предизвика многу проблеми, оштетување на коренот и недостиг на калциум. Често доведува до недостиг на магнезиум, манган, калциум, цинк, железо.

Калиум и pH  – Растението не го апсорбира калиумот на 4.0 – 5.5 pH вредност. Најдобро го апсорбира на 6.0 – 9.5 pH (поголема pH од 7 не е препорачлива за растенијата).

Превземено од agroalternativa.info

Види

Есенско садење на овошните садници

Најдобро време за садење на овошните садници е есента, веднаш по паѓањето на листовите, а …