19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Автоматизација на системот за наводнување (втор дел)

Автоматизација на системот за наводнување (втор дел)

За да се зголеми реалноста на одлуката и да се намалат трошоците, многумина производители се одлучуваат на тн. „модел на растение”. Дури и ако овој модел речиси секогаш дава послаби резултати во споредба со мерење со инструменти, тој може да биде повеќе од доволен за производствените услови.

Основни фактори кои влијаат врз користењето на водата, а би требало да се земат предвид во моделот на наводнување:

-радијациона енерегија;
-температура;
-релативна влажност на воздухот;
-ветер;
-големина на растението;
-форма на растението;
-растојание помеѓу растенијата.

Моделите базирани на количеството на светлина: радијационата енергија може да укаже на 80% од потребите на растенијата од вода. Листовите на здравите растенија се со одреден степен на влага од воздухот, потоа под влијание на температурата и обично се ладат преку транспирација. Овој однос помеѓу радијацијата и транспирацијата на водата е основа за моделот на наводнување заснован на количеството на светлина. Светлосните сензори се реални и доста лесни за одржување. Што е уште поважно, еден ист сензор може да се користи за неколку модели на наводнување, зашто за сите нив количеството на светлина е константно.

Модел базиран на содржината на влага и температурата на површината на листот: ова е многу посовршен модел, кој се заснова на мерење на состојбата на температурата и влагата на површината на листот. Овој модел се заснова на поскапи сензори, кои се помалку сигурни. За подобри резултати се потребни издвоени сензори во секоја зона што се наводнува.

Проблеми

Сите модели се некомплетни. Во зависност од тоа резултатите се разликуваат од стварното количество на вода која се користи. Можат да се развијат и некои други модели, но мораат да бидат прилагодени за комерцијална употреба. Сите модели се зависни од сензорите. Грешките во нивната работа доведуваат до огромни грешки.

крај

извор: panoptikum.com.mk

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …