Почетна / Градина / Автоматизација на системот за наводнување (прв дел)

Автоматизација на системот за наводнување (прв дел)

Автоматизацијата на системот за наводнување подразбира намалување на потребната рачна работа, а зголемување на ефикасноста и точноста на наводнувањето. Притоа мора да се намалат варијациите во производството, со што ќе се обезбеди тоа да биде доволно и точно и да може да го обезбеди посакуваниот систем на производство. Како точност се смета +/- 5%. Стручњаците нагласуваат дека за наводнувањето да може да биде автоматско е потребно да се познаваат барањата на растенијата, а кои се засноваат на директни мерења и модели.

Автоматизацијата на системот за наводнување е мошне добра идеја која влиијае врз намалувањето на рачната работа, на потрошувачката на вода и ѓубриво, а едновремено го намалува количеството на исцедена вода со што се зголемува квалитетот на произведениот зеленчук.

Системот ќе работи директно само под услов некој постојано да се наоѓа во стакленикот и да ја контролира неговата работа. Во однос на точноста од +/- 5% во него, постојат 3 главни причини кои доведуваат до варијации, а секоја од нив мора да биде добро контролирана за системот да обезбеди униформно наводнување:

1) Посев- Одгледуваниот посев мора да биде униформен според типот, големината и и фазата на развојот, така што сите растенија во зоната на наводнување да можат да искористат исто количество на вода. Дозволени се варијации во границите од +/- 10%;

2) Надворешна средина- Засенети места, постудени агли и краишта, делови кои се исушуваат од вентилатори и калорифери; различниот механички состав на земјиштето има значително влијание врз потребите за вода. Производителите вложуваат многу напор за да ги намалат овие ефекти. За високо униформниот систем се типични варијациите од +/- 20%;

3) Квалитет на наводнувањето- Секое растение мора да прими исто количество на вода. Варијациите кај капкачите или распрскувачите се движат во границите од +/- 10%.

Овие меѓусебни интеракции, при што еден фактор влијае врз друг, можат да влијаат врз варијацијата на производството во границите од 20% во добри производствени системи. Кога се редуцираат варијациите во нив на разумен минимум, можно е автоматизирање на процесот на наводнување.

Притоа постојат 3 различни пристапи: мануелни одлуки, систем „прашај го растението” и изработка на растителен модел.

Мануелни одлуки

Дејствува малку чудно кога целата работа во врска со развојот и автоматизацијата ќе се завреши, а наводнувањето на посевот да мора да се изведува рачно. Тоа не е лесно да се објасни преку растителните модели и сензори. Во вакви ситуации производителот е најдобар судија;

Систем „прашај го растението”

Со автоматизација на системот треба да се овозможи целосно задоволување на потребата на растенијата. Не е едноставно „да се праша” растението колку вода користи. Вистинското прашање е дали добиениот резултат е таков што на него да можеме да се потпреме. Ова е добра стратегија под услов да се движите низ објектот помеѓу растенијата, при што се подигаат растенијата од гредичките, чија маса може да биде мерена. Тоа се делови од информацијата за одлука за потребите од вода.

Значи, се поставува прашањето: како да се „праша” растението колку му треба вода? Постојат неколку едноставни практични решенија кои можат да одговараат на контролата на системот за наводнување.

крај на првиот дел …

извор:panoptikum.com.mk

Види

Создавање поволни услови за одгледување цвеќе

Цвеќето и другите украсни растенија може успешно да се одгледуваат во домот само ако им …