20.04.2024
Почетна / Совети / Аранжирање на букети

Аранжирање на букети

Цветовите во повеќето култури претставуваат важни симболи на различни феномени и емоции. Со нивна помош со векови се изразувале чувства и мисли, се давале сугестии или слично.

Уметноста во аранжирањето на букети со цвеќиња и композиции се појавува уште многу одамна, поточно уште пред неколку илјади години. Тоа е израз на човечкиот стремеж кон убавината и совршенството. Огромно влијание врз таа уметност има традицијата на Истокот – Јапонија, Индија, Кина, Персија. Таму секој цвет има одредено значење, а значење имаат дури и големината на цвеќињата и нивниот број.

Некогаш со аранжирани цвеќиња се занимавале домаќинките. Тие ги украсувале со цвеќе собите, правеле букети за подароци за различни прилики. За нив било вистинско задоволство и предизвик да ги ставаат најубавите цвеќиња во вазни и кошеви, по свој вкус и да создаваат разни уметнички композиции.

Денес флористиката е професија и остинска уметност, која бара креативна фантазија, знаење и вештина. Денес аранжерите користат огромен асортиман на цвеќе и егзотични зеленила, која продавниците ја нудат. Постојано се зголемуваат и контејнерите од керамика, дрво, плетени садови и кошници, прибор за аранжирани на букети. Богатиот избор на нов растителен материјал од сите делови на планетата го прави светот на аранжерите необично интересен и стимулира креативност.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …