20.04.2024
Почетна / Градина / Анигозантусот-кенгуров цвет (Anigozanthos flavidos)

Анигозантусот-кенгуров цвет (Anigozanthos flavidos)

Анигозсантусот или т.н. кенгуров цвет (Anigozanthos flavidos) е растение кое цвета во месеците Јуни – Јули. За татковина се смета Австралија.

Анигозантусот е релативно лесно растение за одгледување и погодно за неискусни луѓе во цвеќарството.

Егзотичното растение има црвени цветови кои личат на кенгурови шепи поради што локалното население во Австралија и му го дало името.

Растението цвета во раното лето, кога боите му се зелени и жолти или розево-црвени. Листовите му се исклучително грациозни и витки.

Кенгуровиот цвет има потреба од светло но бара да биде заштитено од директна сончева, по можност да биде на источниот или западниот прозорец. Во текот на зимата може стои на ладно, обично на температура од околу 10 ° С.

Кенгуровиот цвет се полева обилно со филтрирана вода во летните месеци. Во зима потребата од страна на вода е многу помала. Треба само да внимавате почвата околу коренот да не се исуши. За време на вегетацијата растението се храни на секои 14 дена со течно ѓубриво.

Доколку е потребно, во пролет можете да го пресадите во кисело-хумусна земјишна смеса. Многу погодна е почвената смеса за азалиите. Размножувањето се врши од семе или со резница од врвот и температура на почвата околу 20 ° С.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …