28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Амбарскиот був е на граница од истребување

Амбарскиот був е на граница од истребување

Од досегашното наше присувство во поголем дел од Скопската котлина и од разговорот со неколку стотици луѓе кои живеат во таа област констатиравме дека Амбарскиот був е на граница на истребување , иако со закон заштитен (со највисок степен на заштита) тој е загрозен.

Причини за ситуацијата во која се наоѓа овој вид има повеќе но главна е секако – човекот .

-Агресивната дератизација која се спроведува во последните 8-9 години и неконтролираното посипување отрови за уништување глодари направија Амбарскиот був да биде вистинска реткост а во поголемиот дел од Скопската котлина скоро и да го нема

  • тоа е според нас и најголемата опасност за опстанокот на Амбарскиот був
  • Покрај исхраната на Амбарскиот був со затруени глодари во повеќето области на Скопската котлина причина за намалување на неговата гнездечка популација е и ‘уништување на неговото природно живеалиште и гнездилиште’ со реконструкција и осовременување старите штали и амбари во нови и современи објекти во кои нема услови за гнездење на Амбарскиот був , во се помал број се и старите објекти и кровови кои се негово природно живеалиште.
  • Следна од причините за намалување на бројот на Амбарскиот був во Скопската котлина е ‘лошото верување за неговото постоење’. Верувањето на голем дел од населението во рујалните области дека Амбарскиот був е предгласник на смртта и дека носи зло во нивната област доведе до уништување и истребување на цели гнезда и семејства Амбарски бувови каде и да се приметени во тие области.
  • Опстанокот на Амбарскиот був го загрозија и изградбата на новите патишта и автопати , Скопската котлина денес е најважно и најразвиено сообраќајно подрачје во Македонија , целата котлина во правец запад-југоисток и североисток е поврзана со автопатишта а истовремено и со железничка пруга. Со оглед на тоа што бувот е птица која лета ниско и својот плен и е најлесно да го улови на асфалт голем процент од смртните случаи на Амбарскиот був се токму на патишта и автопатиштата кои се во близина на неговото живеалиште .

Извор: Macedonian Owl Trust

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …