09.02.2025
Почетна / Градина / Вести / Алое Вера – според легендата ова растение ја направила неуништлива војската на Алeксандар Македонски

Алое Вера – според легендата ова растение ја направила неуништлива војската на Алeксандар Македонски

Постои и легенда која вели дека ова растение му го спасило животот на Александар. 330 година пред нашата ера, за време на опсадата на Газа, Александар бил ранет со стрела и раната се инфицирала. За време на неговиот пат преку Египет и Либија состојбата на Александар се влошила. На патот кон Персија Александар ја посетил оазата Шива каде еден свештеник му ја премачкал раната со алое вера. Со моќта на алоето раната зараснала. Тогаш Аристотел го советувал Александар да го освои островот на алоето со што си обезбедиле доволни количини од ова волшебно лековито растение.

Клеопатра пак ја користела за хидратација на својата кожа. Во нејзината комплексна структура има неверојатни 280 потврдени состојки, полезни за човековото здравје. Оваа билка се користела за негување на внатрешната, но и на надворешната убавина на најубавата жена на сите времиња, Клеопатра.

Алое верата мора да се обработи за најмногу 5,6 часа од моментот кога е скината со цел да не ги изгуби корисните состојки. Човек не треба да биде болен за да ја конзумира, но сепак докажано е дека помага при стомачни тегоби, проблеми со дигестивниот систем, кожни болести, па дури испитувањата покажаа дека има и антиканцерогено дејство во тешките случаи на лекување рак. Денес, алоето има широка примена, особено заради својството да ги лекува изгорениците предизвијани од УВ зраци и радијација.

Види

Руска поларна експлозија и се заканува на Европа и на Балканот!

Според од она што можам моментално да го изјавам ја јавноста е тоа дека, според …