Почетна / Градина / Вести / Алое Вера – легендата вели дека ова растение ја направило војската на Алксандар неуништлива

Алое Вера – легендата вели дека ова растение ја направило војската на Алксандар неуништлива

Сокот од листовите на алое е одлично средство за прочистување на цревата и е многу корисен во случај на запек. Покрај тоа, алоето е идеален во домашни услови како прва помош за изгореници и рани, гелот од алое вера се употребува и при габични инфекции, а помага и при воспалувања на вените. Гелот од алое вера се користи и во лекување на чиревите и инфекциите на устата. Алое вера го јакне одбрамбениот механизам кај човекот, т.е. го зајакнува имунитетот, а со тоа помага за одржување на здравјето кај човекот. Содржи биостимулативни материи познат како алое гел содржи витамини В1, В 2, В3, В6, В12, С, Е и каротен; минерали и олигоелементи Ca, K, P, Mg, Na, Fe, Cu, Cl, Mn,Chrom, Zn; моно и полисахариди (гликоза маноза, целулоза, целебиоза, амино – сахариди, мукополисахариди, хијалуронин и друг глукозаминоглукане); 7 есенцијални и 11 неесенцијални аминокиселини; ензими (фосфатаза, амилаза, каталаза, целулоза, креатин – фосфатаза, нуклеотидаза, липаза); стероли и антрахинон; антрахинонски деривати кои делуваат како УВ абсорбери.

Во Флорида во 1912 година е основана првата комерцијална плантажа на алое вера. За хумани цели се берат само сосема зрелите листови по нивната 4,5 годишна старост. На ширината на листовите влијаат повеќе фактори, како ветер, временските прилики како и другите надворешни фактори. На плантажите на jужен Тексас, околу долината на реката Рио Гранде, садниците на алоја се садат во редови, на оддалеченост од 60-70 сантиметри, што овозможува модерна, моторизирана обработка, берба и навремено транспортирање.

На шпански се нарекува и савила, во Индија е позната и какомусабар, на Јамајка сингл-бингл, а на грчки, италијански, германски, руски, француски и хавајски – алое.

Види

Најголемиот рак во светот „Astacopsis gouldi“

Реките во Тасманија, се дом на најголемиот слатководен вид рак во светот. Латинското име му …