Почетна / Градина / Вести / Алое Вера – легендата вели дека ова растение ја направило војската на Алксандар неуништлива

Алое Вера – легендата вели дека ова растение ја направило војската на Алксандар неуништлива

Алое Вера е растение кое потекнува од северна Африка, Мадагаскар и Арапскиот Полуостров. Нејзиното име доаѓа од арапскиот збор “alloeh”, што значо горчливо, поради горчливиот вкус на сокот.

Вера на латински значи вистинска и се однесува само на еден вид од ова растение, Aloe barbadensis miller, кое е она вистиснкото алое.

Ова растение се споменува уште во Стариот Завет, 6000 години пред Исус и се сметало за лековито. Припаѓа на семејството лијани, а не на кактуси како што изгледа а и како што ние повеќето го викаме.

Растението е без стебло, со сабјести листови од должина од околу 75-120 см., со светло зелена боја кои се назапчени по краевите и образуваат форма на ружа во средината со дршка на која на врвот се наоѓа цвет во жолта или црвенкаста боја. Најлековита од сите е е Aloe Barbadensis Miller, што ја открил ботаничарот Милер на островот Барбадос.

Алое успева во најтоплиот тропски појас. Целосно развиеното растение во просек е високо 75-120 сантиметри и има 12-15 листови, широки 10-13 сантиметри, дебелина 2-3 милиметри. Пред да ги откријат лековитите својства на ова растение, алое вера ја сметале за голема тајна. Древните лекари го сметале алоето за благослов на човештвото.

Според легендата, Аристотел го советувал Александар Македонски да го освои островот Сокотра во Индискиот Океан. Овој остров во тоа време бил расадник на растението алое вера. Откако го освоил островот, војската на Александар Македонски се снабдила со залихи од волшебниот лек за рани и повреди. Војската на Алексаднар го користела алоето не само за надворешна употреба туку и го јаделе и го пиеле сокот од алое. Пред да тргнат во битките војниците пиеле од сокот на алоето за да се заштитат од инфекциите кои ги добивале пиејќи од водата и јадејќи од храната за време на битките. Легендата вели дека алое вера ја направило војската на Алксандар неуништлива, па затоа и се смета дека било омилено растение на Александар Македонски.

Види

Најголемиот рак во светот „Astacopsis gouldi“

Реките во Тасманија, се дом на најголемиот слатководен вид рак во светот. Латинското име му …