Почетна / Градина / Вести / Аквамаринот ги смирува стравовите и го прочистува петтиот енергетски центар

Аквамаринот ги смирува стравовите и го прочистува петтиот енергетски центар

Аквамаринот (лат. aqua marinā, морска вода) e транспарентен полускапоцен камен, кој е еден од вариететите на берилот. Има плава или тиркизна боја и личи на бојата на морето. Бојата може да му варира, така што жолтиот берил се нарекува хелидор, розевиот морганит, а белиот гошенит.

Најголемиот аквамарин е пронајден во 1910 год. во Марамбаја во Минас Жераис во Бразил. Тежел 110 kg, бил долг 48,5 cm и имал пречник од 42 cm, а кај нас можете и да го купите кај ДЕКО.

Се смета дека овој кристал ги прочистува старите самоуништувачки матрици вкоренети во биополето на луѓето. Ги смирува стравовите и го прочистува петтиот енергетски центар. На духовно поле ја изострува интуицијата и помага да се поврземе со повисоките нивоа на свеста.

Аквамаринот ги штити аурата и чакрите и ја ослободува блокираната енергија.

Терапевтски ефекти: Најкорисен е при болки во грлото и воспаленија во усната шуплина и непцата. За таа цел се изработуваат различни лосиони и тинктури со кои се испираат грлото и устата.

Се среќаваат записи дека овој минерал успешно се користел за превенција од пролетни алергии.

Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така аквамаринот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: бик, близнаци, скорпија, водолија и риби.

Доколку сакате да си набавите вакво камче кое ќе ве штити кликнете ТУКА

Види

Арека палма (Chrysalidocarpus lutescens)

Овој род опфаќа над 20 едностеблени или многостеблени палми. Стеблата на некои видови, досигнуваат и …