22.01.2025
Почетна / Градина / Акорус (Acorus gramineus)

Акорус (Acorus gramineus)

Акорус (Acorus gramineus) e декоративнолистно растение кое потекнува од семејството „Araceae“.

Ова растение потекнува и најдобро вирее во мочуришните делови, каде има постојана влажност.

Расте до 1,50 метри. Соцветието е цилиндрично на врвот малку заострено и се наоѓа странично на стеблото. Има силна и пријатна миризба и цвета од јуни до август.

За негово одгледување е потребно сонце во комбинација со полусенка, без директно изложување во топлите периоди.

Минималната температура за негово одгледување е до 5 степени, а максималната околу 25 степени. Има потреба од многу вода, па доколку редовно не се полева, врвовите на листовите стануваат кафени. Се размножува преку делба на растенијата во секое време од годината. Коренот има лековито својство и се собира во есен.

Во него има околу 4% етерично масло и има антифламатроно дејство. Екстрактите имаат способност да го намалат крвниот притисок и делува смирувачко. Се користи и против кашлица, анемија, дијареа, а интересно е и тоа дека доколку го џвакате коренот поради гадливост може да се откажете од пушењето.

Види

Готвење на цветови: Зошто и кои цветови може да ги јадете?

Готвењето на цветовите датира уште од римско време. Тоа е познато и кај древните Кинези, …