Почетна / Градина / Лек / Ајдучка трева

Ајдучка трева

Ајдучката трева е билка која може да расте со висина од 70-80 cm. Стеблото има светло-зелена или црвено-кафена боја. Опкружена е со тенки листови. Ајдучката трева има многу пријатен мирис.

Ситните цветови се собрани во еден цвет кој се наоѓа на врвот на стеблото.

Може да се сретне во полјаните, ливадите, шумите, влажните и суви терени, па и покрај патиштата со медитеранско – континентална клима. Таа има жолти или бели цветови кои цветаат од јуни до август.

Се бере за време на цветањето, а листовите се берат до есен. Најчесто се користи цветот кој содржи 1% етерично масло, влавоноиди, витамин К, горчлива материја – ахилеин, хамазулен смола, танини и др.

Главната сезона на берење е во јули и во август. Хамазуленот е многу ценета состојка на скапите кремови и масла за сончање. Дејствува против воспаленија на слузокожа и кожа.

Ајдучката трева се користи уште одамна во народната медицина, а е омилено лековито средство и во современата медицина. Најчесто се употребува кај желудечно-цревните заболувања, при грозница, зголемен крвен притисок, како средство за сопирање на крварењето, при мозочни и срцеви тромбози.

Освен тоа таа претставува и антибактериско средство. Се користи и за зараснување на раните и за намалување на болката за прочистување на организмот, за зголемено излачување на жолчна киселина, за нормализирање на метаболизмот и за смирување. Поради присуството на витамин Ц, се дава при крварење и при хемороиди.

Види

Зошто и за кого е корисно зеленото кафе

Зеленото кафе всушност не е ништо повеќе од неизпечени кафе зрна. Зеленото кафе е производ, …