Почетна / Градина / Хортикултура / Аглаонема (Aglaonema treubii)

Аглаонема (Aglaonema treubii)

Аглаонемата (Aglaonema treubii) е растение кое води потекло од Филипините, Борнео и Индонезија.

Има каректеристични сабјести темнозелени листови на кои има шари. Долги се околу 20 cm.

Ова е типично листно декоративно растение кое расте од 20 до 150см во зависност од видот. Постојат над 20 видови, меѓу кои кинеските „aglaonema monestrum“ (слика 1) и „Aglaonema Emerald Bay“ (слика 2).

Ова е многу практично растение, бидејќи може да се развива на сенечсти места. Во зимо не смеат да бидат изложени на пониски температури од 15 степени. Се препорачува да се полева еднаш седмично во поладните месеци, за во потоплите и до два пати неделно.

Не дозволувајте да жолтеат листовите! Тоа е знак на преполевање. Добро и прилега и течното ѓубриво. Може да ја пресадувате на секој две до три години во богата почва. Се размножува со одвојување на младите од матичното растение. Најпогодно време се пролетта и летото.

Види

Циперус (Ciperus)

Циперус „Ciperus“, или народно се нарекува шило или острица е растение кое е познато во …