20.04.2024
Почетна / Градина / Acer Palmatum Bloodgood стигна на своето место на една прекрасна кровна градина

Acer Palmatum Bloodgood стигна на своето место на една прекрасна кровна градина

“Acer Palmatum” или јапонскиот јавор води потекло од Азија претежно Јапонија, Јужна Кореа, Кина источна Монголија, југоисточна Русија , Европа, Северна Африка, Северна Америка.

Претставува висока грмушка или дрво кое расте од 6 до 10 метри или повеќе. Цветовите се еднолични, групирани во кластери. Кај нас растението можете да го најдете во расадникот Хорти Експерт МК,а на фотографиите можете да погледнете како тимот од Хорти Експерт успешно засадуваат голем примерок од ова преубаво дрво на кровна градина.

Се користат во градините и парковите, често за патишта и патеки. Се размножува со семе и преку резници. Пожелно е порозна почва во пониските слоеви кој мора да содржи најмалку една десетина од песок и чакал.

Бара поголема влажност во првите години на животот. Сите видови на Acer се особено погодни за правење бонсаи.

Јапонскиот јавор се одгледува во умерените области од целиот свет уште од 1800тите, но во Јапонија се одгледува векови наназад. Името го има добиено од шведскиот ботаничар Карл-доктор Петар Тунберг кој патувал во Јапонија во доцните XVIII век и претставува синоним за висока уметност на ориенталните градини.

Името „palmatum“ го има поради обликот на лисјата кој наликува на рака. Бојата варира од светло зелена, до темно пурпурна. Посебна карактеристичност е тоа дека во текот на есенските месеци ја менува својата боја. На пролет цвета во прекрасна црвено-бордо боја.

Ова малечко дрвце со црвена боја на листовите потекнува од Јапонија, а особено е интересно со формата со длабоко всечени ливчиња (dissectum), кое доколку не биде поставено на директно сончево зрачење, може повторно да ја врати зелената лисна нијанса. За нагласување е неговата потреба од постојано соодветно одржување. 

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …