28.04.2024
Почетна / Градина / Создавање поволни услови за одгледување на цвеќе

Создавање поволни услови за одгледување на цвеќе

Цвеќето и другите украсни растенија може успешно да се одгледуваат во домот само ако им се овозможат поволни животни услови, односно ако им се обезбеди тoа што им е потребно:

– доволно сончева светлина,
– топлина,
– вода,
– воздух и
– земја со соодветни хемиски и физички својства.

Сончева светлина

Сончевата светлина е најважниот животен фактор за секое растение. Таа влијае на создавање на хлорофилот (зеленилото на растението). Доколку нема светлина, доаѓа до етиолирање на растението односно. до губење на зеленилото.

Животниот процес на хранење на растението, односно примање на растворените хранливи материии од земјата и создавање на скроб во листовите е можно само со присуство на светлина. Без светлина за неколку дена ја губи зелената боја, пожолтува и угинува.

Светлината влијае и на брзината на развој на едно растение. За да растенијата бујно растат и напредуваат, треба да се сместат на најсветлото место во собата, а по можност да се стават и до самиот прозорец.

Топлина

Топлината е вегетациски фактор, од кој во голема мерка зависи интензитетот на растење, развој на растението и сите физиолошки процеси како: ‘ртењето, цветањето, оплодувањето итн.

Секоја промена на топлината има силно влијание на растението. Подеднакво се штетни и премногу ниски и премногу високи температури. Студеното време предизвикува пореметување во растот и развојот, а може да доведе и до угинување на растението.

Види

Како да се деконтаминира почвата?

Со фунгицид, дитиецот М-45 може да ја деконтаминира почвата во аматерската градина. За површина од …