После денешната БУРНА атмосфера што ја зафати Македонија и донесе врнежи и грмежи над поголем дел од територијата на Македонија, што всушност и беше најавено од наша страна, локално во делови од земјава атмосферата беше и толку напната штп доведе до локално поинтензивни атмосферски процеси кои беа застапени и во форма на локално НЕВРЕМЕ со силен обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Забележани одредени штети врз земјоделските култури, но причинети се и одредени материјални штети. Но вечерва атмосферата речиси се смирува насекаде, што значи дека бранот со нестабилност замина над делови од Грција итн.
А сега над Македонија расте полето на висок воздушен притисок (антициклон) што ни ја наговестува стабилизацијата на времето и порастот на температурите на воздухот. Па така почнувајќи од утрешниот ден (среда) па се до претстојниот викенд нашето подрачје ќе се наоѓа под влијание на стабилна и сува воздушна маса од Медитеранот што ќе ни овозможи период на постабилно и ПОСОНЧЕВО време со мала локална облачност и релативно топло време со типично летни температури.
Особено значителен прилив на потопол воздух ќе имаме од викендот кога ова може да се нарече еден вид на топлотен бран што ќе донесе температури наместа да се движат од +30 до високи +37,38 степени во најтоплите делови од државата, па добро би било овие топли и стабилни денови да се искористат на најдобар можен начин, бидејќи по се изгледа овој топол бран би можел да биде воедно и последен за оваа сезона.Ако е за да им се верува на сегашните изгледи на метео прогнозистичките модели, стартот на следниот месец би можел да ни донесе и неофицијално нова голема промена на временската состојба што би резултирала со мошне големо заладување и наоблачување со врнежи од дожд и значаен пад на температурите.
Напомена: Ова се се уште неофицијални најави, така да наскоро ќе се дознае што е тоа што треба да го имаме на самиот почеток од месец Септември. Се следи состојбата, нови прогнози секако наскоро, информира метерологот Денис Муховиќ.
gradina.mk Gradina