Почетна / Градина / Вести / 9 извори на чиста енергија

9 извори на чиста енергија

Енергија на ветар во море – Данска веќе добива 20% од вкупната енергија од ветерници кои се поставени во морските површини.

Енергија на ветар на копно – Инсталираните капацитети за искористување на ветерот во САД во периодот од 1999 до 2011 година се зголемија од 2200 MW на 43000 MW и уште се работи, уште ке се зголемува

Силата на плимата – Кина е веќе лидер во производството на соларни панели и ветерници, а неодамна потпиша партнерство со Холандија за проект за искористување на енергијата од плимата. Тој проект ке има капацитет за генерирање на енергија од 15 000 MW. Соларна енергија – И покрај неуспесите на некои производители да опстанат на пазарот (поради економски а не технолошки причини), воведувањето на соларна технологија е во голем пораст од претходната деценија.

Геотермална енергија – Денес во светот има инсталирано капацитети со мокност од 11000 MW од геотермална енергија. Водечки земји се САД со 3000 MW и Филипини со 2000 MW.

Биогориво на база на алги – Со научната експертиза и политичка волја, биогоривото од алги е зрело за сериозна употреба. Сите биогорива испуштаат гасови но тие се многу почисти и поефтини од фосилните горива.

Ториум и други горива за нуклеарна енергија – Тешко е да се подржи нуклеарна енергија, бидејки после шеесет годни сеуште нема проверен и широко прифатен механизам за скадирање на радиоактивен отпад на долг период.

Ова не е се, но е сосема доволно да се спотивстави на тврдењата дека мораме да останеме зависни од фосилните горива бидејки не постои алтернатива. Клучното прашање не е дали можеме да си дозволиме развој на чисти технологии – туку дали смееме да си дозволиме тоа да не го направиме.

Извор: weather4all.com

Види

Зошто во Мексико не слушнале за дијабетис и каде живеат најдолговечните луѓе во светот

Здравствениот статус на луѓето се влошува. Истражувањата покажуваат дека расте бројот на срцевите, белодробните и …