25.04.2024
Почетна / Совети / 6 начини како да заштедите вода

6 начини како да заштедите вода

Дали знаете дека со вашето петминутно туширање, трошите повеќе вода отколку што троши просечен човек во сиромашните земји за еден ден?

Просечен човек кај нас мисли дека вода има бесконечно, десетина потрошени литри таму-оваму ништо незначат.

Меѓутоа, постојат и богати региони кои се соочуват со недостаток на вода па се учат да штедат.

Еве неколку совети за сите нас:


1. Потопите ги садовите

Потопувањето на садовите пред перење може во голема мера да заштеди вода. Ако имате дупли садопер, едноставно наполнете го до пола и ставете ги садовите да постојат. Целата храна и маснотии многу лесно ке ги отстраните со малку потрошена вода.

2. Конзумирајте барем еден вегетаријански оброг неделно

Се прашувате, каква врска има вегетаријанскиот оброк со заштеда на водата? Врската е едноставна, потребно е многу повеќе вода да се одгледа добитокот отколку зеленчукот.

3. Скратете го туширањето

Запамтите, за минута туширање се троши помеѓу 15 и 20 литри пивка вода за пиење. Иако повеќето луѓе уживаат во долгото туширање, обидете се да го скратите колку што можете повеќе.

4.Искористете ги отпадните води

Се разбира дека не е препорачливо да ја пиете водата која на пример сте ја користеле за миење на овошје и зеленчук, но можете да ја употребувате за наводнување на цвеќињата. Кога го миете овошјето поставите сад во кој ке ја собирате водата погодна за наводнување.

5. Поставите штедливо WC казанче

Еден од најголемите потрошувачи на вода во домакинстото е WC казанчето, чии постари модели трошат и по 10 литри вода на едно пуштање на вода. Денес постојат и WC казанчиња со две копчиња, во зависност од потребата. Таквите казанчиња носат големи заштеди на вода.

6. Поправете ја чешмата ако капе

Забележавте дека од чешмата капе вода, но што значат тие неколку капки? Излегува дека значат многу. Според некои пресметки, од една расипана чешма од која излегувaат 30 капки во минута, дневно троши околу 10 литри вода. Малку ли е ? Затоа запрете го лудото трошење на овој важен ресурс.

 

Види

Колку ветерот може да биде од корист?

Ветрот е движење на воздухот од подрачје со висок притисок кон подрачје со низок притисок. …