Почетна / Градина / Храна / 5 видови храна со кои може да ослабете

5 видови храна со кои може да ослабете

Еве ги петте хранива кои најмногу ги топат калориите при конзумацијата, и затоа добро е да бидат вклучени при диетите за слабеење:

1. Просо – Добро балансираната исхрана треба да вклучува цели зрна, наместо рафинирани зрна, како белиот ориз и тестенините. Просото е без глутеин и содржи 10% протеини, има големи количини на влакна и витамини Б-комплекс, и бидејќи тоа не формира киселини, лесно е за варење на храната.

2. Аспарагус – Кога човек ќе одлучи да слабее, важно е да вклучува храна богата со хлорофил, меѓу кои спаѓа аспарагусот. Аспарагусот е зеленчук богат со хранливи материи, преполн со фолна киселина, витамин A, витамин C и витамин K, како и растителни влакна. Аспарагусот исто така, содржи јаглехидрат, познат како инулин, кој ги промовира корисните бактерии во дебелото црево, што од своја страна придонесува за здрава дигестивна функција.

Текстот продолжува на следната страна:

3. Калинка – Примената на урамнотежената исхрана за слабеење треба да вклучува свежо овошје, а калинката е одличен пример за здрав, хранлив плод кој има антиоксидантни својства и може да помогне во спречувањето на рак. Иако здравствените придобивки од пиењето на сок од калинка се незаменливи, поефикасно ќе ослабете, ако консумирате свежа калинка. Тоа ќе го зголеми внесот на растителни влакна и ќе ги намали примените калории.

4. Бразилски ореви – Бразилските ореви се јадливи семиња. Кинеска медицина ги користи овие ореви за подобрување на гастроинтестиналниот тракт и дигестивните функции, а маслото од бразилски ореви дури и се користи за да се потисне апетитот.

5. Зелен чај – Утврдено е дека потрошувачката на големи количини кафе и кофеин може да доведе до глад, зголемување на апетитот и да предизвикува стрес поврзан со исхраната. Зелениот чај е прекрасна алтернатива на кафето, нуди малку кофеин, но исто така содржи корисни антиоксиданси.

Види

Која е најпродаваната габа во светот?

Светскиот пазар на печурки ќе се проширува во просек за 9,5% секоја година, достигнувајќи 50 …