Почетна / Градина / Вести / 5 корисни хранива кои треба да ги конзумираме во текот на есента

5 корисни хранива кои треба да ги конзумираме во текот на есента

Богата со бета-каротен, витамин Ц и фолна киселина, тиквата е главен антиоксиданс. Потрошувачката нејзина може да го намали ризикот од развој на рак и заштита од кардиоваскуларни болести. Дури и семето, содржи висока хранлива вредност и е корисно за организмот, поради цинкот и омега-3 масните киселини. Тиквата е погодна за главно јадење, гарнир или десерт.

Јаболка

Јаболката содржат флавоноиди, некои од најмоќните антиоксиданти. Неколку студии покажале дека луѓето кои јадат храна богата со флавоноиди имаат помал ризик од срцеви заболувања и инфаркти.

Круши

Крушите се богати со влакна. Со потрошувачката на една круша добивате четири грама влакна, што е еквивалентно на чаша и пол кафеав ориз. Крушите помагаат за одржување на пониски нивоа на холестерол во крвта и подобрување на контролата на шеќерот во крвта.

Боровинки

Тоа е многу вкусен и ниско калоричен плод, кој игра важна улога за спречување на инфекции на уринарниот тракт и го намалува ризикот од заболување на непцата, чиреви, кардиоваскуларни болести и рак. Може да ги консумирате сушени или како сок.

 

Види

Грејпрфутот и неговите корисни својства

Долги години се сметало дека грејпфрутот е сорта на помело, додека во 1948 година цитрусовите …