29.03.2024
Почетна / Совети / Како да одгледате успешно диња

Како да одгледате успешно диња

Дињата е едногодишна зелкаста билка од семејството тикви. Има добро развиен и разгранет корен, кој достигнува длабочина и преку еден метар.

Се појавува дваесетина дена по никнувањето и се вбројува во гранки од прв и втор степен.

Плодот на дињата може да биде тежок од половина до десет килограми. По обликот можат да бидат многу различни: долгнавести, мрежасти, еднобојни или прошарани, со бело, жолто или портокалово месо, миризливи или не, суви или водени, летни или зимски.

Семето е долгнавесто, слично на краставиците, но е нешто покрупно, со заоблен врв и краеви.

Масата на 1.000 семки е 30 до 35 грама, што значи дека во килограм семки има од 30 до 35 илјади. Во поволни услови никнува од 5 до 8 денови. Со директната сеидба, по хектар се трошат од 4 до 6 килограми семе. Кога би се произведувале од расад, од 250 до 300 грама семе, би било доволно за еден хектар. Во еден плод дињата формира од 400 до 600 семки.

Услови за успех

Секаде каде што успева лубеницата може и дињата. Семето никнува од 14 до 16 степени целзиусови, иако оптимална температура за никнување е од 25 до 30 степени. Доколку поради ниските температури во земјата не никне за 12 дена, тогаш семката се расипува. Младите изникнати билки страдаат на температура од десет степени, а со животна активност почнуваат над оваа температура. Оптимална температура за раст и развој на дињата е до 25 до 30 степени. Таа поднесува огромни топлини, како ретко која билка и не угинува ниту на 45 степени целзиусови. Смртта кај билката настапува по коагулацијата на протеините на 58 степени целзиусови. Вкупната топлотна сума во текот на вегетацијата, во зависност од сортата, треба да биде од 2000 до 3500 степени целзиусови. Минимална температура за цветање е 18, а оптимална од 24 до 26 степени целзиусови. Дињата не успева без директна сончева светлина. Облачно и проладно време и пречат, така што во такви услови, доколку се обезбеди топлина, а светлоста остане слаба, нема да има добри резултати. За дињата, неопходни се 1.200 часа директно сончево осветлување на билката во текот на вегетацискиот период. Раните сорти дињи и лубеници се неутрални во поглед на дневната потреба од светлина (фотопериод), но средно касните и касните се почуствителни. Дињата добро успева при “сув” воздух, на пример, со релативна влажност од 60 до 70%. Земјата треба да биде оптимално влажна, иако дињата може да користи и резерви на влага од земјиштето кои не се достапни за другите билки. Во овој поглед, коренот на дињата има исклучително јака моќ за впивање. Но, во сушните сезони, дињата дава ниски приноси, затоа што при недостиг на влага опаѓаат цветовите, се сушат започнатите плодови, а се случува и при растењето, да добијат неправилен облик и не постигнуваат добра тежина. Значи, драстично намален принос и лош квалитет.

Дали дињата треба да се наводенува?

Наводнувањето е неопходна мерка при негата во сушните сезони. Но, треба да се биде претпазлив со изборот на системот за наводнување, бидејќи оросувањето со вештачки дожд овозможува ширење на пламеница која може да го уништи целиот посев. Заради тоа, наводнувањето со бразди е единствено прифатливо решение. Ако дињата се одгледува на меѓуредово растојание од 2 метри, тогаш при првото наводнување, додека билките се мали, браздата треба да биде одалечена 0.7 метри од редот. При второто наводнување браздата да биде на еден метар, односно во средината меѓу двата реда. За третото наводнување, автори од Бугарија препорачуваат да се наводенува по средина на се-кое друго поле, бидејќи тогаш ластарките пораснале и копањето на каналите е отежнато. Должината на каналите треба да биде до 30 метри, што значи да треба да се предвидат и канали или цевки, попречно од правецот на редовите.

Подготовка на земјиште за садење

Дињата најдобро успева на земјиште со приближно неутрални реакции, но исто така, добро расте и на благо кисели почви, до рН 5. Оптималната киселост на земја-та за дињата е рН 6-6,7. Најдобро успева на длабоки, хумусни и структурирани земјишта. Се ѓубри со шталско ѓубре, наесен, пред орање, од 40 до 60 тони по хектар, како и со минерални, фосфорни и ка-лиумови ѓубрива. Богатството на земјиштето и ѓубрењето треба да обезбедат 200 до 250 килограма фосфор на хектар, 100 до 150 килограма калиум и 60 до 80 килограма азот во нитратен или амонијачен облик, покрај тоа од шталското ѓубре. Се што важи за ѓубрењето лубеници се применува и кај дињата. Прихранувањето не е препорачливо.

Дали дињата се одгледува од расад?

За рано производство се одгледува диња од расад. Притоа, треба да се одбере и рана сорта. Што се однесува до производството на расад, се расадува од 35 до 40 дена старост на расадот. Калемењето тука нема толку изразени ефекти. Инаку, дињата се калеми на тиква. Расадувањето е исто како и кај сите останати билки од фамилијата тикви – се пресадува со земја и жили, т.е. со земја од саксија (пречник 10-12 сантиметри). Меѓуредното растојание е два метра, но во редот може да се гајат погусто, на секои 50 сантиметри по една билка. Значи, 10.000 билки по хектар. За дињите со исклучително бујни ластари се препорачува квадратно садење од 120-150 х120-150 сантиметри, односно 4.000 до 7.000 билки по хектар.

Како се штити од болести?

Многу сорти се чуствителни на болеста пламеница, антракноза, пепелница, трулеж, пропаѓање на билките по никнување и по нападот од гливици. Покрај овие, дињите ги напаѓаат и вирусни болести, посеб-но вируз на мозаик на краставицата. Против габичните болести, од кои најопасни се пламеницата и пепелницата, дињата се штити со плодоред, запрашување на семето, навод-нување со бразди, прскање против пламеница со систематични фунгициди и против пепелница со средства на база на сулфур. Од штетниците дињите ги напаѓаат и ларвите, лисните вошки, полжавите, но ретко се јавува потреба од заштита поради тоа што штетите не се економски значајни. Затоа, останува заштита од пламеница и другите гливични болести. Доколку не се третира на време, дињата останува без лист, а со тоа и без плодови.

Извор: ФФРМ

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …