25.04.2024
Почетна / Градина / 30 години успешна приказна на Хорти Експерт МК

30 години успешна приказна на Хорти Експерт МК

Оваа недела е во знакот на македонската компанија Хорти Експерт МК. Тоа е местото каде можете да најдете се за хортикултурата во вашиот дом, без разлика дали се работи за градина, тераса, тревник, алпинетум, цветна алеа. Тоа е локацијата каде секогаш сме си обезбедувале најдобри, различни и со највисок квалитет на цвеќиња, ползавци, дрвја и грмушки. И не случајно е тоа така, бидејќи искуството си го прави своето. Компанијата Хорти Експерт МК, утре, на 15.ти декември полни 30 години постоење.

„Во 1991 год. како резултат на успешноста во работата во бизнисот со цвеќе, но и неспремноста во која се затеков по распадот на еден систем, решив да ја основам фирмата Хорти Експерт МК. На почетокот со скромни амбиции и со неколку вработени, но со многу труд и работа и секако желба за успех, успеав мојот бизнис со хортикултурно уредување да го инкорпорирам на пазарот во Грција. Желбата за докажување и успех ми беше многу поголема од стравот дека нема да успеам. Опкружен со море од ајкули, јас како една мала риба се борев чесно, знаејки дека ништо не доаѓа само по себе, дека мора да го постигнам сам па така успехот беше неминовен. Понесен од една реченица која ја прочитав додека бев млад декa “Галебот што лета највисоко гледа најдалеку” успеав да го создадам најголемиот хортикултурен бренд на овие простори со име Хорти Експерт МК“, раскажува сопственикот Мите Филков за форумот на Логин Системи.

Инаку Хорти Експерт МК има успешна кариера и надвор од границите на нашата држава. Потписот на уметничките творби или дворови создадено од Хорти Експерт МК може да се види во Вотерленд во Солун, комплексот Сани бич на Халкидики, Порто центар во Солун, Космос трејд центар, автопатот од Волос до Атина и на многу други места – се’ во склад со слоганот на Хорти Експерт МК, наука и уметност во хортикултурата.

Тие се единствената фирма во Европа која има хортикултурно уредено три Амбасади на САД, во Скопје, Белград, Приштина. Сопственикот Филков има добиено и писмо со благодарност од Американскиот амбасадор во Македонија.

По повод 30 годишнината од нејзиното постоење, компанијата планира да приреди и прослава, а се очекува наскоро да го соопшти и датумот.

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …