25.04.2024
Почетна / Градина / 30 дена постојано со зборови навредувале растение! Еве што се случило по еден месец со растението

30 дена постојано со зборови навредувале растение! Еве што се случило по еден месец со растението

Во новиот експеримент кој го иницираше IKEA, наречен „Малтретирање растение”, учествуваа илјадници деца, а целта на истиот беше подигање на свеста кај децата против насилството, како физичко, така и вербално, пишува Таратур.

За време на експериментот, IKEA постави две растенија во училиште. На едното растение постојано му биле давани комплименти и му биле кажувани мотивирачки реченици, а другото било вербално малтретирано со зборови полни со омраза. Учениците имале задача да ја споделат нивната љубов со првото растение, а да го критикуваат второто.

По 30 дена, резултатите говорат самите – растението кое добивало комплименти било бујно и полно со живот, додека критикуваното растение почнало да се суши и да венее, а неговите листови станале жолто-кафени.

Двете растенија добивале подеднаква количина на вода и биле изложени на иста светлина. Единствената разлика, биле речениците полни со омраза и критики упатени кон едното растение и убавите зборови кои му биле кажувани на другото, во циклус од 30 дена. На крајот од експериментот, импресивните резултати говорат самите за себе.

Види

Потхранување на расадот

Хранењето на млади растенија со зеленило започнува веднаш по ртење на растенијата – околу 5-7 …