12.11.2025
Почетна / Градина / Вести / 10 идеи како да си го позелените сопствениот живот
Фото: Bigthink.com

10 идеи како да си го позелените сопствениот живот

Стара облека

Старите  маици и друга износена облека која не можете повеке да ја  носите  претворете ја  во крпа за чистење. Покрај тоа ќе има повеќе простор во вашиот шкаф, нема да  ги трошите вашите драгоцени  пари  на крпи  кои во секој случај, порано или подоцна завршуват во ѓубре. Облеката која може да се користи или поклонете ја или продајте ја во second hand продавниците.

Храна

Купувајте  храна која доаѓа со минимална количина на пакување. Едноставно кажете  “не”  на брзата храна.

Шопинг

Земете една убава и практична торба за шопинг и понесете ја со вас кога одите на шопинг, без разлика каде одите. Торби од цврста ткаенина изгледаат подобро, не пукаат и не штетат на животната средина ни приближно како  пластични ќеси кои се користат само еднаш.

Чистење

Наместо хемикалии, користете оцет кој е ефтин, природен и ефикасен во кујнте и бањите. Прочитајте ги основните правила за еколошко чистење.

Работа

Ако го користите автомобилот за да одите на работа, ние ви предлагаме  да се обидете прво еднаш а подоцна и два пати неделно  да одите на работа со јавен превоз. Ке помогнете да се намали метежот во сообракајот, емисијата на штетни гасови и ке заштедите на бензин.

Чај

Од една кеса  чај може да се подготви најмалку две чаши, па не заборавајте да ја зачувате кесичката  и повторно да ја употребете. Кесите може да се чуваат во фрижидер и да ги искористиме во борбата против подочнаци и потечени очи.

Растенија

На крај,  позеленете го  животот  и визуелно, со одгледување билки на балкон, тераса или во кујната. Храната што ја подготвувате  ќе биде повкусна а просторот за живеење попријатен.

Извор: weather4all.com

Види

Совети за градината пред зима

Од почетокот на зимата до месец април миризливиот кукурек е еден од самовилите во градината. …