24.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Зошто кучињата понекогаш јадат трева?

Зошто кучињата понекогаш јадат трева?

Како и сите живи суштества, така и кучињата треба да примаат комбинација од масти, јаглени хидрати, белковини, витамини, минерали и вода и урамнотежена исхрана која обезбедува доволно калории за нивните секојдневни потреби.

Еден од можните одговори на ова прашање е дека кучињата имаат инстинктивна потреба да јадат трева поради содржината на некои минерали во неа.

Друга теорија е дека кучињата јадат трева при промена на време, односно пред да паѓа дожд.

Дека никој нема докажано со сигурност, иако постојат бројни теории една теорија зошто кучињата сакаат трева не води назад во историјата на животински видови. Домашните миленици доаѓаат од дивите животни кои би преживувале хранејќи се со убиените други животни. Некои од жртвите биле тревопасни животни, па во стомаците содржело трева и шумски плодови.

Како и да е сеуште неможе да се потврди со сигурност зошто е тоа така, кога кучињата после јадењето на трева повраќаат. Интересна теорија е дека кучињата јадат трева за да повраќаат, односно да си го прочистат организамот.

Во желудникот на кучето има невро-рецептори кои реагираат на она што песот голта. Но она што е најважно е да ги чувате вашите кучиња далеку од било кои печурки. Чувајте ги и подалеку и од тревата и растенијата кои се испрскани со пестициди. Многу од нив се токсични и може да предизвикаат проблеми со црниот дроб, а понекогаш завршуваат и фатално.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …