Почетна / Uncategorized / Зошто Гитхорн е бајковито место (Видео)

Зошто Гитхорн е бајковито место (Видео)

Доколку некогаш посакате да побегнете од градскиот живот и да пронајдете мир во некое убаво место, тогаш совршената дестинација за вас е Гитхорн во Холандија.

Прекрасна природа, стари куќи, возење со чамци по канали или прошетка по бројните дрвени мостови… Едноставно, станува збор за место кое што ќе ви понуди релаксација, а воедно и за кратко ќе заборавите на бучните автомобили, затоа што тие тука се недобродојдени, пред се затоа што ова бајковито место не ни има улици.

Гитхорн станало познато дури по 1958 година, кога холандскиот режисер Берт Ханстра тука ја снимил својата славна комедија “Fanfare”, па така, ова место сега е вистинска туристичка атракција. Кон почетокот на тринаесеттиот век, Гитхорн бил основан од страна на доселеници од Медитеранот.

Во стариот дел нема патишта, па таму нема ни автомобили и целиот сообраќај се одвива преку водата, во каналите. Единствено нешто што постои е велосипедската патека, па токму затоа Гитхорн се нарекува и “Северна Венеција” или “Венеција во Холаднија”.

Гитхорн е навистина прекрасно место кое што успеало да ја зачува убавината и шармот на холандското село од осумнаесеттиот век. Каналите, бројните дрвени мостови, трската која што ги прикрива селските куќи и прекрасните градини се причината поради која ова бајковито место го добива прекарот Венеција во Холандија.

Види

Што ќе ви се случи ако вдишите 5 минути етерично масло од лаванда

Додека чумата се ширела низ Европа во средниот и во 17-тиот век, била забележана една …