Почетна / Градина / Храна / Зошто е корисна марулата

Зошто е корисна марулата

Марулата е зеленчук типот зелена салата, кој му припаѓа на семејството на салатите. Одамна е позната во европските земји, но само во последните години ужива голема популарност и кај нас. Марулата се карактеризира со одличен вкус, малку калории и многу витамини.

Марулата е многу добар извор на фолна киселина, но содржи и мали количини на витамин Ц. Најтемните надворешни листови се богати со бета каротин. Количеството на витамините Е и К во овој зеленчук се повеќе отколку кај секој друг. Марулата содржи уште калциум, витамини Б и ПП.

Најчесто марулата се користи како главна состојка во салатата “Цезар”. Таа може да се комбинира многу добро со различни производи. Може да биде конзумирана со маслиново масло и оцет.

Содржи околу 90% вода, што значи дека е и доста нискокалорична.

Редовното консумирање го намалува ризикот од некои видови рак (особено на желудникот), го намалува ризикот од развој на анемија и кардиоваскуларни болести. Се препорачува да биде вметната во менито за бремени жени.

Види

Македонија прв пат ќе тестира има ли храна третирана со јонизирачко зрачење

Агенцијата за храна и ветеринарство, за прв пат, ќе врши испитувања дали на македонскиот пазар …