29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Значење на Икебаната

Значење на Икебаната

Икебаната претставува традиционален цветен аранжман со потекло од Јапонија каде е позната под името “Kado”.

За нејзино аранжирање потребно е да користите секогаш свежо цвеќе. Таа има длабоки корени во филозофијатаи претставува симбол на убавината.

За прв пат почнале да се користат во будистичките храмови во десеттиот век, иако има докази дека икебаната се појавила во шестиот век.

Аранжирањето на икебаната се разликува од вообичаеното цветно аранжирање. Во западното аранжирање се користат многу цвеќиња во различни бои и форми аранжирани во многу слоеви. Јапонската икебана се фокусира повеќе на линеарноста со тоа што има три главни точки во својата структура кои симболизираат блаженство, земја и човек. Тие користат само по неколку цвета, понекогаш дури и само еден. Особено важен елемент е тродимензионалната перспектива.

Бојата не се смета за толку важен елемент. Највисоката позиција на цветниот аранжман се вика “Shin” и го претставува небото, рајот. Следното ниво наречено “Soe” е земјата, ¾ од “Shin”, и последното ниво во структурата познато како “Hikae” го симболизира човекот и е ¾ од Soe. Вазата, листовите, цветот, дршката и гранчињата се неопходен дел од аранжманот и имаат специфично значење и функција. Цветови кои се расцветани го претставуваат минатото, а оние кои се полурасцветани ја претставуваат сегашноста.  Цветовите во пупка ја претставуваат иднината.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …