Почетна / Совети / Заштитете се од инсектите кои демнеат наоколу

Заштитете се од инсектите кои демнеат наоколу

Иако го сакате летото, исектите кои пристигнуваат со него не ви се баш симпатични? Наједноставно е да купите спреј или лосион кој ги уништува сите можни инсекти.

Меѓутоа, многу од тие средства содржат потенцијално токсични хемиски состојки кои можат да влијаат на здравјето на луѓето. Затоа е подобро да користите природна заштита.

ЕТЕРИЧНИ МАСЛА

„Многу етерични масла делуваат како природно средство преотив инсектите“, вели докторот по наевропатија Шели Реиткоп од Торонто.

Најчесто се користи цитронот, но тој не е најделотворен. „Мирисот на циртонот е силен и препознатлив, па може затоа многу луѓе мислат дека делува најдобро. Овие мисриси се ефикасни во првите 40 минути, а покасно стануваат бескорисни. Покрај тоа, етеричното масло кое се нанесува на кожа може да предизвика иритација“, додава таа.

Најдобро е да се распрашате кај продавачот дали маслото смее да се нанесува на кожата или побарајте специјално за тело. За секој случај, најдобро е да го нанесете на облеката или на косата. Имајте на ум дека не се препорачува за трудници и деца помали од три години.

Еукалиптус, гераниум и соја делуваат и до 120 минути. Американскиот центар за контрола на болести го препорачува маслото од еукалиптус во заштитата против комарците кои пренесуваат опасни болести. Една студија која била спроведена од страна на ово центар, покажала дека еукалиптусот дава до 120 минути заштита, додека хемиското средство до 88 минути заштита“, вели др. Реиткоп.

НИМОТ КАКО ПОСЕБНА КАТЕГОРИЈА

Етиричното масло од ним е произеведено од сокот од плодот од дрвото „Azadirachta indica“, слично на маслинката. Делува антиинфлаторно, антибактериски, антисептички и помага и кај многу други кожни заболувања. Ова етерично масло делува како отров за инсектите. „Кога ќе го голтнат, ова масло ги збунива, се однесуваат како да јаделе иако се гладни, па поради тоа на крај умираат. Забораваат да летаат и се репродуцираат“, вели Реиткоп.

Некои го препорачуваат и како терапија против вошки. Одличен е против комарци. Се нанесува директно на кожата или се користи како мирис кој се шири по воздухот со помош на мирисни ламби. Памучни топки натопени со ова масло се користат и против молците.

ПРИРОДНО СМИРЕТЕ ГО МЕСТО НА УБОДОТ

Маслото од чајно дрво, камилица, лаванда и нане, помагаат во смирување на чешањето и го намалуваат воспалувањето. Маслото од чајно дрво се добива од ливчињата на дрвото „Melaleuca alternifolia“, кое расте на северниот брег на Нов Јужен Велс во Австралија. Во Првата светска војна, австралиските војници го користеле за дезинфекција на раните. Современите истражувања потврдиле дека маслото од чајно дрво делува против бактерии, габички и вируси, има антиинфлаторни својства и ја стимулира и јакне работата на имуниот систем.

Види

Во септември посадете нарциси и кринови

Во првите денови на септември во градината треба да ги засадите луковиците од нарцисите. Луковиците треба …