24.04.2024
Почетна / Градина / Вести / ЗАПОЧНА ЖЕТВАТА НА ЈАЧМЕНОТ ВО КОЧАНСКО

ЗАПОЧНА ЖЕТВАТА НА ЈАЧМЕНОТ ВО КОЧАНСКО

Во Кочанско започна жетвата на житните култури. Земјоделците од селата Тркање, Бање, Соколарци и Спанчево ги ожнеаја првите површини под јачмен, кои во кочанскиот регион се застапени на површина од 3.336 хектари, соопштува Макпрес.

Приносите, како што истакнуваат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани, се под очекувањата, пред се поради пролетните мразеви.

Под житни култури во Кочанско се насеани 6.606 хектари од кои пченицата е засеана на 3.085 хектари, ржта на 110 хектари, овесот на 25 хектари и другите житни култури на површина од 20 хектари.

Земјоделците годинава очекуваат намалени приноси и кај пченицата за 20 до 30 проценти, што е резултат на лошите временски услови посебно во зимскиот сушен период во регионот.

Жетвата на пченицата се очекува да започне за неколку дена за што ќе бидат вклучени десетина приватни комбајни и останата механизација. Одгледувачите на пченица од Кочанскиот производен регион очекуваат зголемена цена на лебното жито при откупот.

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …