28.03.2024
Почетна / Uncategorized / Започна имплементацијата на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“

Започна имплементацијата на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“

Од вчера започна имплементацијата на проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги во Македонија“.Проектот е финансиран од Инструментот за претпристапната помош -ИПА на Европската унија.  Проектот финансиран од Националната програма ИПА за 2015 година се спроведува во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија,  а партнери кои го спроведуваат проектот се CARE Германија / Луксембург и Македонската развојна фондација за претпријатија.  Проектот со вредност од 1,98 милиони евра започна во декември 2017 година и ќе трае до февруари 2021 година.

„Основната цел на овој проект е да се зголеми конкурентноста на пазарот, како и соработката меѓу земјоделците во Република Македонија, преку создавање на поволни услови за развој на постоечките и создавање на нови земјоделски задруги. Искуствата покажуваат дека земјоделците здружени во задруги со големи обработливи површини, гарантираат усогласен квалитет на пазарот, примена на современи технологии, добра земјоделска пракса,  но и поголема конкурентност и подобар пласман на македонските земјоделски и прехранбени производи на странските пазари“, изјави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

При тоа министерот Николовски посочи дека Владата на Република Македонија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, прават огромни напори да го поттикнат и поддржат развојот на земјоделските задруги. Во годинешната Програма за рурален развој за мерката „Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност“, односно за земјоделски задруги се планирани  близу 80,3 милиони денари.

Константинос Соупилас од Делегацијата на Европската унија, посочи дека земјоделските задруги имаат витално значење во во вкупното земјоделско  производство.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …