Постојат повеќе видови врбовка кои се лековити и можат да се користат за лекување простата:
-розева врбовка (Epilobium roseum)
-ситно цветна врбовка (Epilobium parviflorium)
-планинска врбовка (Epilobium montanum)
-темнозелена врбовка (Epilobium obscurum)
-грмушеста врбовка (Epilobium collinum)
-алпска врбовка (Epilobium anagallidifolium)
Полна лажица исушена или свежа билка се попарува со 200 мл врела вода. Се остава да отстои 5-10 минути, се процедува и се пие.
Чајот се пие двапати на ден и тоа наутро на гладно и навечер пред спиење, во времетраење од неколку недели додека да исчезнат тегобите.
Чајот се користи кај сите проблеми со простата и дава одлични резултати. Марија Требен со голем успех лекувала воспаление на простата и мочен меур, проблеми со мокрењето предизвикани од простата, крварење во мокрача, тегоби и болки во простатата, меурот и бубрезите, рак на простата и рак на мочен меур.
Интересно е да се наведе и тоа дека Врбовката како најдобар лек за простата се споменува на сите континенти, култури и јазици што доволно говори за нејзиното универзално препознавање и успех.
Чајот има пријатен вкус, билката не е опасна и не мора да се грижите за нуспојави. Нема потреба од зголемување на дозата, значи две чаши чај на ден од 200 мл.
Пред да започнете со користење на народните лекови, консултирајте се со вашиот матичен лекар!