29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Врбовка – најдобриот природен лек за простата

Врбовка – најдобриот природен лек за простата

Еден од најголемите здравствени проблеми со кои мажите се среќаваат се тегобите со простата. Тие можат да бидат со различен карактер, јачина и облик. Речиси секој втор маж постар од 45 години има проблем со простата а голема е веројатноста дека секој ќе се соочи со овој проблем доколку доживее длабока старост. Во последно време таа старосна граница се повеќе се поместува.

Простата е мускулен орган со големина на орев кој со еден дел прстенесто го затвора мокрачниот канал. Неговата функција е продукција на секрет кој ги пренесува сперматозоидите.

Како стареат мажите често доаѓа до различни проблеми со простатата а најчестите се нејзино зголмување, акутно и хронично воспаление а се почест е и ракот на простата. Овој рак на простата е најчестиот вид рак покрај оној на белите дробови.

Некои од тегобите со кои се соочуваат мажите се: зачестено мокрење, неможност за целосно измокрување, ноќно мокрење, општа слабост, студенило и болки во долниот дел на грбот и гениталиите, проблем со ерекција, проблем со ејакулација и др.

Природната медицина за оваа состојба има повеќе начини за лекување од кои најзастапен е користењето сок и чај од брусница, како и семки и масло од тиква.

Сепак, овде ќе ве запознаеме со најсилното оружје од природата, а тоа е тревата која се нарекува Врбовка (Млечика)- Epilobium parviflorum.

Билката успева во нашите краишта а можете да ја пронајдете и во билните аптеки. Врбовката и нејзината примена е позната неколку стотици години но со текот на времето полека била заборавена. Повторно ја актуелизирала прочуената треварка од Австрија Марија Требен, чии што книги се продадени во преку 10 милиони примероци. Марија Требен лично излекувала илјадници пациенти со проблем на простата широм Европа користејќи ја исклучиво оваа билка.

РЕЦЕПТ:

Види

Epidemik – Еден од најдобрите трибјут бендови на Pearl Jam денеска во Скопје

Денеска, петок во клубот Станица 26 ќе имате можност да гледате еден од најпочитуваните PEARL …