24.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Во потрага по примитивната македонска свиња-шишка

Во потрага по примитивната македонска свиња-шишка

Во рамките на проектот „Истражување за постоењето на реткиот вид на свињи – шишки и предлагање на мерки за нивна заштита„ финансиран во ГЕФ Програмата за мали грантови за 2013 година, експедиција од Здружението ЕГРИ предводена од професорот Владан Вуковиќ веќе 2 месеци е во потрага по пронаоѓање на примероци од оваа многу ретка врста на свињи – шишки која во изминатото ја имало во планинските места во Македонија, а денеска е во фаза на тотално исчезнување.

Користејќи ги сознанијата на дел од тимот и кажаувањата на локални жители и стручни лица, екипата посети повеќе локации во изминатите два месеци, каде пронајде повеќе различни примероци на свињи од овој вид или слични на него. Истражувањето покажа дека во најголем дел од пронајденните примероци е извршено мелезење на шишка со други видови на свињи, при што истата полека ги изгубила карактеристиките на примитивниот вид свињи – шишки.

Меѓутоа, постојат и такви случаи каде пронајдените примероци имаат идентични карактеристики на шишката. Деталната анализа на проф. Вуковиќ и неговите соработници ќе дадат и поконкретни резултати за тоа дали се работи за свиња шишка и потоа ќе се превземат конкретни мерки за нејзина заштита.

Во рамките на истражувањето се посетени повеќе локации во Делчево, Македонска Каменица (Горна и Долна Цера, Горна Саса), Струмичко (Барбарево, Стиник, Сушица), Беровско, Скопскиот регион … Потрагата по шишката ќе продолжи во наредниот период во Гостиварско-Тетовскиот регион, Струшко, Ресен и во Скопскиот регион

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …