Во Мексико веќе се произведува вода од млеко

November 2nd, 2017 | by gradina
Во Мексико веќе се произведува вода од млеко
Вести
0

Новата фабрика на Nestle во Мексико е опремена со технологија што овозможува екстракција на вода во процесот преработка на млеко. На овој начин најголемата прехранбена компанија во светот станува и првата која го развила ова целосно автономно производство, пишува Bloomberg.

Капацитетот на инсталацијата е 1,6 милиони литри вода дневно, кој се добива во процесот на претворање на млекото во прав. Технологијата ќе му овозможи на производителот да заштеди 15% од потрошувачката на вода во рамките на земјата.

Основна причина за инвестицијата во вредност од 15 милиони долари се проблемите со недостиг на свежа вода во различни области од Калифорнија на север, до Бразил на југ. Главниот извршен директор на Nestle, најави дека целта е технологијата да биде имплементирана во сите претпријатија на групата во светот.

„Ние не увезуваме ниту една капка вода од надвор. Мексико има многу подолго сува сезона и водата е исклучително важна во речиси сите делови на земјата”, изјави тој во фабриката во Џалиско.

Еден литар свежа вода која е прочистена преку обратна осмоза и други техники по обработката се добива од 1,4 литри млеко. Добиениот „производ” се користи во други индустрии во фабриката, како и за пропратни активности. Заштедата на количество вода е еквивалентно на базен со олимписки димензии.

Компанијата соработува со Gea Filtration за првата фаза на процесот и со Veolia Environnment за втората. Инсталацијата е дел од објавените планови за инвестиции од 1 милијарда долари во Мексико до 2018 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *