Почетна / Градина / Вести / Внимателно косете ја тревата

Внимателно косете ја тревата

Дали знаете дека во 2008год., повеќе од 150,000 случаи на повреди се регистрирани, а како главен причинител за тоа е косилката за трева? Пациентите имаат пријавено губење на прстите, повеќе скршени коски или дислокација, длабоки рани и посекотини и разни други повреди. Препорачливо е дека на деца под 14 не треба да им биде дозволено да работат со косилка за трева.

Со достигнувања во технологијата, постојат косилки кои запираат со работа веднаш штом ќе се крене раката од рачката. Оваа опрема може да ви помогне околу безбедноста.

Наша препорака е доколку купувате косилка да се одлучите на брендот VIKING. Нимет е генeралниот застапник, а можете да ги најдете ТУКА

Друго важно за безбедноста е да се користат цврсти чевли кои се затворени одозгора. Избегнувајте ги влечките и сандалите. Со нив и потешко се гази додека косите, а сепак и безбедноста ви е намалена.

Пред да се започне со косење на тревниците секогаш е препорачливо да се исчисти тревникот од камења, играчки и други украсни предмети кои можат да летаат и да предизвикаат сериозни повреди.

Доколку косилката ви е на гориво, треба редовно да ја ладите после употреба. Моторот додека работи, не смее да биде легнат на тревата поради влажноста.

Доколку косилката ви работи на струја, внимавајте на кабелот да не ви се протне под косилката, може да предизвикате електричен спој и секако настрадате.

Сепак пред да почнете да косите, бидете претпазливи на сите горенаведени работи, бидејќи превенцијата е најдобриот лек!

 

Види

Дрвјата го имаат одговорот за енергијата

Чистиот извор на гориво е само едно ветување од научниците кои имаат мисија да ја …