Почетна / Градина / Урмите – богати со железо, калиум и одлични во борбата против холестеролот

Урмите – богати со железо, калиум и одлични во борбата против холестеролот

Тоа е неверојатен производ кој ја одржува вашата линија и ги решава најчестите проблеми со варењето на храната.

Доколку им веруваме на научните истражувања, урмите се одлична храна која ќе ве заштити од кардиоваскуларни болести.

Користењето на урмите во исхраната, нуди многу здравствени придобивки.

Ова се само дел од нив:

1. Урмите се богати со железо

Урмите се одличен извор на овој важен минерал, па затоа им се препорачуваат на трудниците, децата и луѓето кои патат од анемија.

2. Ја спречуваат дијарејата

Урмите се богати со калиум, кој ја олеснува работата на цревата и го стимулира развојот на добри бактерии.

3. Лекуваат запек

Освен што ја спречуваат дијарејата, урмите го решаваат и проблемот со запекот.

4. Ја одржуваат витката линија

Доколку сакате да спречите формирање на масни наслаги, потрудете се секој ден да изедете барем неколку урми на празен стомак. Но, не претерувајте, бидејќи се преполни со шеќер.

Види

Растенијата имаат мозок?

Растенијата имаат долг и необичен еволутивен пат. Копнените растенија еволуирале уште пред 450 милиони години, …