Почетна / Градина / Вести / Учите, а ништо не можете да запомните: Оваа билка треба да ја мирисате за подобра меморија!

Учите, а ништо не можете да запомните: Оваа билка треба да ја мирисате за подобра меморија!

Испитите на универзитетите се се поблиску, а универзитетските истражувачи велат дека мирисот на рузмарин може да ја подобри меморијата. Според истражувањето, учениците и студентите кои работеле во простории со мирис на етерично масло од рузмарин постигнале пет до седум проценти подобри резултати на тестовите за меморија. Овие резултати се во согласност со тестови наменети за возрасни, рече Марк Мос од Универзитетот во Нортамбрија, наведува Би Би Си.

Мос изјавил дека истражувањето само ги потврдило претходните уверувања дека рузмаринот влијае на меморијата. Мирисот на рузмарин со векови се поврзува со добра меморија, пишува Би Би Си, додавајќи дека учениците во античка Грција носеле венци од рузмарин на испитите. Истражувањето ќе биде претставено оваа недела на годишната конференција на Британското психолошко општество, пишува makedonijadenes.

Види

Со оглед дека климатските промени го преобразуваат земјоделството, меѓународната трговија ќе биде сè поважна за прехрана на светот

Отворените, предвидливи и фер глобални пазари на храна можат да помогнат во зајакнувањето на напорите …