Почетна / Градина / Лек / Тробојна темјанушка (Viola tricolor)

Тробојна темјанушка (Viola tricolor)

Тробојната темјанушка (Viola tricolor hortensis) е едногодишно зелјесто растение кое расте до 20см со шупливо и разгрането стебло.

Се појавува во почетокот на 19 век кога градинарот Лорд Џејмс Гамбер започнува да вкрстува различни претставници од овој род. Имаат вретеновиден корен.

Листовите на долниот дел се ви вид на срце. Цветовите се поединечни на долги цветни рачки и тоа во три бои: сина, жолта и бела. Цвета од мај до август месец. Плодот е многусемен, распуклив на три дела во кои се наоѓаат кафеавите семчиња, кои може да се садат во текот на есента. При правилно одгледување ќе започне да цвета преку пролетта и летото следната година. Почвата треба да е богата со хумус и изгниени лисја. Во собни услови може да ја полевате еднаш неделно.

Може да ја размножувате и со резници, така што прво ќе ги ставите во вода, па чекате да се добијат коренчиња. Наоѓа примена во медицината при лекување на кожни болести, реума, кашлица и др. За употреба се суши на сенка при температура до 40 степени. Три супени лажици од оваа билка може да ги варите во 400мл вода, 15мин. Се пие во текот на денот 15-30 мин пред оброците.

Види

Билки против болка

Природата е исклучително дарежлива кон човекот. Таа му дала незаменлива убавина и моќна лековита сила …