Почетна / Uncategorized / Треви и тревни штетници (прв дел)

Треви и тревни штетници (прв дел)

Тревите му припаѓаат на видот на монокотиледони и се една од најбројните растителни заедници на планетата.

Познати се над 600 родови на треви со околу 10.000 видови.

Во средна Европа се познати околу 50 родови со околу 200 вида. И покрај толку големиот број на тревни видови, за потребите на спортските тревници, како и за парковите, се користат сенасе околу 15 вида со околу 100 сорти одгледани посебно за таа намена.

Кај изборот на тревата разликуваме економски критериум, т.е. како трева која служи за сточна исхрана и хортикултурен критериум, кој предност му дава на следните карактеристики: отпорност на газење, отпорност на суша, на болести, поднесување на често косење, конк*рентност спрема други треви, финост на лисјето, поднесување на сенка, способност за самообновување, изедначен изглед и лете и зиме, начин на размножување. Треба да се има предвид дека само мал број од видовите ги задоволува сите наведени критериуми, но со создавање на нови сорти значително е зголемен бројот на погодни треви за хортикултурна намена.

При изградбата на нов тревник мораме многу да водиме сметка за наведените критериуми, за во што поголема мера да ги задоволиме естетските и други услови за убавината на тревните површини.

За почвата:

Нејзините механички својства се менуваат релативно бавно, па податоците за корелацијата на водниот капацитет, воздушноста и топлинските својства се многу важни за секоја анализа. Под механички својства подразбираме текстура и структура.

Тие се едни од битните показатели на почвата.Текстурата е количествен однос на механичките елементи кои, меѓу другото, ни го покажува степенот на распаѓање на минералните честички во фаза на формирање на почвата, како и нејзината способност да ги задржува водата и хранливите материи, како и да дејствува врз другите односи важни за процесите на растење и развој на растенијата.

Разликуваме: песочни, иловести и глинести почви.

Песочните имаат прилично добар однос спрема воздушноста и топлината, додека наедно не ја задржуваат водата, па на то начин брзо се губат и хранливите елементи кои се испираат заедно со неа. Под услов вештачки да се надомести недостигот на вода (со наводнување) и со прихранување со вештачко ѓубриво, минерално или органско, таквите почви се многу поволни за изградба на тревници.

Од еколошки апсект иловестите почви се покажале како најповолни за одгледување на тревници. Тие имаат најповолни односи на водозадржување, воздушност и температура, благодарение пред се на урамнотежениот однос на механичките честички.

Глинестите почви содржат висок процент на глинести честички, па поради тоа се тешки и студени, т.е. поради својствата на глината тешко да прима и тешко да отпушта вода често се случува растението да не може да земе вода од таквата почва иако е таа присутна. Поради високиот кохезиски фактор на глината останува многу малку простор за воздух, а влијанието на сончевата топлина од површината е битно намалено, па таквите почви тешко се загреваат. Може да се каже дека секој од наведените типови може да се користи, но на пример на глинестите почви треба да им се додадат покрупни фракции на песок, а на песочните одреден процент на глина.

Најчести штетници на тревниците се ларвите на инсектите кои живеат во почвите и се хранат со коренот на тревата. Полжавите се исто така чести „гости”, при што прават штета хранејќи се со листовите на тревата. Трета група на штетници се малите цицачи кои прават штета на тој начин што копајќи тунели под земја механички го оштетуваат корењето и површината на тревникот ја прават нерамна.

Со оштетувањето на кореновиот состав настануваат сериозни оштетувања, а како последица е менување на бојата на растението и на крајот свенување. Птиците и глистите спаѓаат меѓу корисните животни, но сепак прават штета по тревниците. Освен што глистите исфрлаат грутчиња земја и со тоа ја нагрдуваат естетиката на тревникот и механички го оштетуваат коренот, птиците во потрага по ларви ја колваат тревната површина и на тој начин директно го менуваат тревниот состав, а доста придонесуваат и за ширење на плевел пренесувајќи негови семенки.

(крај на првиот дел)

извор: http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=22820&PID=2664999#2664999

Види

Дрвјата го имаат одговорот за енергијата

Чистиот извор на гориво е само едно ветување од научниците кои имаат мисија да ја …