28.03.2024
Почетна / Градина / Тој може да го носи епитетот „најубаво уреден двор во Скопје”, но од градот не доби награда! Погледнете кого избраа за најубаво уреден двор во Скопје

Тој може да го носи епитетот „најубаво уреден двор во Скопје”, но од градот не доби награда! Погледнете кого избраа за најубаво уреден двор во Скопје

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /28.06.2017 година, среда/ ги додели наградите на најдобрите во традиционалниот градски конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор на куќа, зграда и институција и најубав состав и цртеж на тема екологија за учениците од основните и од средните училишта во Скопје.

– Градот Скопје во рамките на традиционалното одбележување на „Денови на пролетта – Денови на екологијата“, распиша Јавен конкурс за избор на најеколошка компанија, најголем придонес во областа на заштитата на животната средина, најубаво уреден двор (индивидуално домување), најубаво уреден двор (институција) и најубав состав и цртеж на тема екологија за ученици од основните и средните училишта. Градот Скопје го реализира овој конкурс со цел потикнување што поголема грижа за животната средина, како и за мотивирање на учениците што повеќе да се грижат за средината во која што живеат. Овој проект има одлични резултати во однос на подигнувањето на свеста за заштитата на животната средина и веќе традиционално се одржува секоја година – рече градоначалникот Трајановски.

Јавниот конкурс беше објавен на 21.03.2017 година и траеше до 16.05.2017 година. Пристигнатите пријави беа разгледани од Kомисија формирана од претставници од секторите на Град Скопје.

На традиционалниот градски конкурс на Град Скопје оваа година наградени се:

I. Категорија: Најеколошка компанија – Градежен институт Македонија АД Скопје

Наградата е доделена на оваа фирма која има прикажано успешна примена на стандардот ИСО 14001 и придонес во зачувување на животната средина;

II. Категорија: Најголем придонес за заштита на животната средина и природата

– Елколект ДОО

Наградена е компанијата која е колективен постапувач со отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори. Наградата ќе биде донирана на Институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле.

III. Категорија: Најубаво уреден двор

1. Двор во индивидуално домување – Весна Игњатовиќ;

2. Најубаво уреден двор на институција – ООУ „25 МАЈ“ Скопје;

IV. Категорија: Најубав состав на тема екологија

1. За основно образование – Леузана Асани, VI-1 одделение при ООУ „25 Мај“

2. За средно образование – Симона Симоновска – СУГС „Раде Јовчески Корчагин“ – Скопје

V. Категорија: Најубав цртеж на тема екологија

– Ева Карамановска, VII Б одделение при ООУ „Рајко Жинзифов“ Скопје

Подолу се наоѓаат 2 те фотографии од „наградениот“ двор:

А погледнете го дворот кој беше во тесна конкуренција, и не беше награден од град Скопје:

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …