16.04.2024
Почетна / Градина / Тодеја (Todea)

Тодеја (Todea)

Родот Тодеја е наречен така во чест на ботаничарот Хенрих Јулиус Тоде. Кон него припаѓаат 4 видови, распространети во јужната половина на источната хемисфера. Во повеќето случаи тие не се многу високи.

Достигнуваат до 1,5 м како дрвја папрати, со дебелина до 60 cm. Листовите се кожести, двоперести, големи, со должина до 2,5 метри. Тодеите живеат многу долго. Возраста на одделни примероци во природата е проценета на 2000 години.

Тодеите природно, достигнуваат едвај “тинејџерска” возраст. Тодеите немаат одделни спороносни и вегетативни лисја. Сите листови се исти. Спорангиите се наоѓаат на долната страна на листот како сегменти, во издолжени соруси. За разлика од спорите на повеќето папрати, спорите на тодеите содржат хлорофил, затоа тие р’тат доста брзо. Најмногу забележителен е видот Todea barbara. Овој папрат е распространет во Јужна Африка, Австралија, Нов Зеланд.

Тој расте во влажните суптропски шуми, во клисури, крај мочуриштата. Фосилните остатоци од типот на современата Todea barbara се пронајдени наталожени од триасовниот и јура период.

Стеблото достигнува 3 метри височина и 60 см во дијаметар. Листовите се двоперести, долги до 2,5 метри и широки до 50 см. Се одгледуваат во стакленици со различна големина. За разлика од спорите на повеќето папрати, спорите на тодеите содржат хлорофил, затоа тие р’тат доста брзо.

Види

Какво цвеќе да подарите според хороскопскиот знак

Цвеќето многу говори за себе, за личноста што дарува и за личноста која го прима. …