Почетна / Градина / Храна / Тибетското чудо – гоџи бери

Тибетското чудо – гоџи бери

enter site 06/11/2017 Храна

see url Уште од антиката растението гоџи бери е високо ценето и наоѓа широка примена во кинеската традиционална медицина. Првите податоци за плодот датираат од земјиштето на Тибетските Хималаи и Северна Кина, каде што бил одгледуван уште во 5000 година п.н.е.

Денес најмногу плантажи се наоѓаат во Југоисточна Европа и Азија. Во Кина овие мали црвеникави плодчиња се познати како храната на стогодишниците.

Плодовите на гоџи бери се користат за подготовка на голем број десерти. Тие се карактеризираат со сладок вкус, а прецизната нивна структура овозможува да се берат само рачно. Најдобро е да се консумираат свежи, но поради чувствителноста и мал рок на траење во свежа состојба тие се сушат (почесто на сонце) или се ставаат под механичка дехидрација со помош на топлински протоци.

Освен што се јадат сурови, плодовите се конзумираат во форма на сок, па дури и вино, се запаруваат како чај или се подготвуваат како тинктура. Можете да ги комбинирате со мусли, овес, јогурт, супи, салати, колачи, кремови, колачи или десерти од гриз.

Види

Јадете црви и инсекти

Необичен совет на еден американски научник по име Мајкл Баџет, експерт за инсекти. Тој тврди …