Почетна / Градина / Животни / Тајпан – најотровната змија во светот

Тајпан – најотровната змија во светот

(Oxyuranus scutellatus) е змија од семејството Аспидови. Постојат два подвидови: новогвинејски Тајпан (Ox. S. Canni) и северозападен Тајпан (Ox. S. Barringeri).

Средбата со овие суштества е смртоносна, бидејќи тие се прикриени, а отровот нивен може да кутне за само неколку минути дури и слон.

Стравопочитта што човекот ја чувствува кон змиите, оставило трага во митологијата на сите народи.

Најмногу страшните богови се со Змиски тела и гневот нивен носи ужасна смрт.

Всушност од околу 7000 видови змии на планетата под 100 видови се отровни. Тајпанот е најотровната змија на планетата и според Гинисовата книга на рекорди.

Обично на должина достигнува 2,0 – 3,0 метри, но се фаќатени и поголеми примероци (3,3), (3,5) метри. На боја најчесто е во различни нијанси на кафено. Може да е жолтеникава или со лесно зеленикава нијанса. Главата обично е потемна од телото. Утробата е светла. Очите се големи, тркалезни.

Отровните заби се предни, големи (до 0,9 -1,2) см, а отровот е моќен невротоксин. При еден залак одделува до 100 мг токсини, доволно за да убие 100 луѓе или 250.000 стаорци. Отровот на континенталниот Тајпеј е од 100 до 400 пати посилен од оној на Кобрата и може да убие човек за 45 минути. За среќа жртвите на ова суштество не се регистрирани. Континенталниот Тајпеј избегнува контакт со луѓето и претставува најсрамежлива змија.

 

Не се плаши од човекот, и живее на места во близина на него. Ова е исклучително агресивна и брза змија. Кога е загрижена ја имитира кобрата, со тоа што го крева предниот дел на телото и едвај забележливо го раздувува вратот. Се храни во главно со глувци и стаорци, ретко со жаби, птици, други змии. Активна е рано наутро, приквечер и ноќе. Во 1950 година од залак на Тајпеј загинува Kevin Buden кој бил еден од научниците со најголем придонес во проучувањето на оваа змија.

Види

Што се случува кога змија ќе изеде Еж

На интернет се појави видео на голема змија – најверојатно Боа која се обидела да …