Почетна / Совети / Таа е преубава, повеќето ја имаме дома, иако сокот на растението содржи стрихнин кој е многу отровен

Таа е преубава, повеќето ја имаме дома, иако сокот на растението содржи стрихнин кој е многу отровен

Дифенбахијата „Dieffenbachia“ потекнува од семејството Змијарникови (Araceae). Ова е многу популарно украсно растение. Потекнува од тропските шуми на Јужна Америка.

На повеќето места пишува дека не се одгледува лесно, но ако се погоди неговото место во домот нема да имате никакви проблеми со него и ќе ве радува со неговите шарени лисја.

Во продавниците се нудат неколку видови од темно до светло зелени, а во многу од нив со силно присуство на жолта боја.

Попознати видови се „Dieffenbachia maculata“(слика 1) и ги има различни сорти. Други видови се „D. amoena“, „D. seguine“, „D. Leopold“, „D. Schuttleworthiana“, „D. Jenmani“, „D. mirabilis“, „D. nobilis“ и др.

Во зависност од тоа дали листовите се претежно темно или светло зелени ќе се утврди местото каде треба да биде негувано ова растение. Кога растенијата имаат претежно светли листови, идеални услови за живот се светлината, но да биде заштитена од директно сонце за да се зачуваат шарените бои. Наша препорака е да се чувствуваат на околу еден метар на источниот или јужниот прозорец.

Само видовите со зелени листови „Dieffenbachia humilis“(слика 2) може да растат на целосна сенка. Во текот на летните денови се чувствуваат добро и над 20 степени, а во зима од околу 15 степени.

Види

Во септември посадете нарциси и кринови

Во првите денови на септември во градината треба да ги засадите луковиците од нарцисите. Луковиците треба …