28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Струмичките земјоделци бараат итна исплата на сите субвенции

Струмичките земјоделци бараат итна исплата на сите субвенции

Струмичките земјоделци апелираат до платежната агенција и Министерството за финансии веднаш да се пуштат субвенциите за минатата година оти тонат во долгови.

Се прашуваат, ако буџетот е ликвиден зошто Министерството за финансии не ги пушти сите пари одеднаш туку се оди етапно. Велат дека минуваат тешка сезона со огромна мака ниски откупни цени и големи кредити.

Речиси сите земјоделци пред објективот на ТВ 24 тврдат дека за лани немат добиено субвенции. Се надеваат дека деновиве на нивните сметки конечно ќе легнаат парите од државата што со месеци ги ветува.

Министерството за финансии вечера соопшти дека се исплатени 7.5 милиони евра. Целосно биле подмирени субвенциите за 2015 а за 2016 та исплатени се субвенциите за млеко и оризова арпа, но не и за градинарството лозарството и овоштарството.

Платежната агенција информираше дека се потпишани налози за исплата на околу 80 милиони евра кои се испратени до трезорот за исплата на земјдоелците.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …