28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Создавање на плодна почва

Создавање на плодна почва

Терминот „основни минерални елементи” (или минерални хранива) бил предложен од Арнон и Стаут (1939). Тие заклучиле дека мора да бидат исполнети три критериуми за еден хранлив елемент да се квалификува како основен:

1. растението не може да го комплетира животниот циклус без тој елемент;

2. функцијата на тој елемент не може да биде заменета со ниту еден друг елемент и

3. елементот мора да биде директно вклучен во метаболизмот на растението.

Овие критериуми се основата на растителната исхрана, меѓутоа ги исклучуваат корисните минерални елементи. Корисни елементи се оние кои можат да ги компензираат токсичните ефекти на некои елементи или да заменат некои од минералните елементи во помалку специфичните функции како што е одржување на осмотскиот притисок. Отсуството на корисните елементи во комерцијалното производство значи дека растенијата нема да го постигнат својот генетски оптимум, туку ќе егзистираат на граница на опстанок.

Што значи pH?

Поимот pH се однесува на базичноста, или, на киселоста на водениот раствот во растителниот медиум. Овој раствор се состои од минерални елементи растворени во водата, во јонска форма. Реакцијата на овој раствор, во зависнот од тоа дали е алкална, кисела или неутрална, ќе влијае врз достапноста на хранливите елементи. Кога има поголема концентрација на водородни јони H+ растворот ќе има кисела реакција (<7.0). Ратворот има базична реакција кога во него преовладуваат хидроксилни јони OH- (>7.0). Рамнотежата помеѓу хидроксилните и водородните јони резултира со неутрална реакција (=7.0). За повеќето култури, отималната pH се движи од 5.5 до 6.2, односно, слабо кисела реакција. Во вакви услови, сите основни хранливи елементи се просечно доволно достапни за растенијата. Екстремните отстапувања од овие вредности предизвикуваат токсичност или недостик на одредени хранливи материи.

Извор: ФФРМ

 

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …